Новото вознемирувачко истражување покажува дека контактните леќи можат да ја пренесат микропластиката во очите.

Според последните податоци на 140 милиони луѓе ширум светот користат контактни леќи. Новото истражување покажува дека овие помагала можат да бидат извор на штетно пластично загадување.

Во штотуку објавената студија на Американското хемиско друштво (American Chemical Society), истражувачите проценуваат дека леќите што се носат 10 часа во текот на денот, на годишно ниво можат да исфрлат над 90.000 микропластични честички. Студија го открива и патот на директната микропластична изложеност на луѓето, пренесува Euronews.green. Ова ја нагласува итната потреба да се проценат потенцијалните здравствени ризици предизвикани од изложеноста на очите на микропластика.

Микропластиката – ситните честички од пластика, долги до 5 mm – се насекаде. Според една студија од 2022 година, луѓето ненамерно консумираат до пет грама микро и нанопластика секоја недела, односно приближно еквивалентно на кредитна картичка.

Овој феномен може да има опасни здравствени импликации. Ситните честички се задржуваат во човечката крв, се сместуваат во органите и во фетусот. Новите истражувања сугерираат дека тие можат да предизвикаат канцерогенеза во клетките, процес кој предизвикува канцерогени мутации.

Научниците собраа шест видови контактни леќи за повеќекратна употреба од различни брендови и со различен животен век. За да се имитира нормалното абење и кинење, леќите се чувани во вода, се чувале и под светилка која ја имитира сончевата светлина и се исплакнувани со вода три пати на секои 10 часа. Откако леќите добија еквивалент на сончева светлина од 30 или 90 дена, научниците ја анализираа водата во која се чувани. Откриено е дека леќите со пократок животен век исфрлуваат повеќе микропластика.

Авторите на истражување повикаа на итно, сеопфатно истражување за здравствените последици од овие ситни честички.

Микропластиката е само еден дел од поширокиот проблем со загадувањето со пластика. Само во ОК, секоја година околу 750 милиони контактни леќи се фрлаат во одводи или на депонии, иако за да се распаднат потребни се 500 години, со загадување на почвата и водата во меѓувреме./М.М.

You may also like

Comments are closed.