Vinted- модната платформа на која се продава и купува користена облека, лани оствари голем деловен успех: постигнат е раст на приходите за 61 отсто и двоцифрена профитабилност.

Компанијата соопшти дека платформата во Европа генерирала приход од 596,3 милиони евра и нето добивка од 17,8 милиони евра, во споредба со нето загубата од 20,4 милиони евра искажани во претходната, 2022 година.
Коментирајќи го оствареното, извршниот директор на Vinted Grоup, Thomas Plantenga посочи дека перформансите не се само доказ дека може да се оствари силен раст на пазарот на користената облека, туку и дека нивната компанија е на чело на пазар со огромен потенцијал.
Vinted има остварено раст на повеќе сектори, вклучувајќи континуирано зголемување на присутноста на постојните пазари, успешен влез во Данска, Финска и Романија, како и натамошно зголемување кај винтиџ луксузната мода, по пат на нејзина верификација. Забрзан е и развитокот на доставувањето, преку Vinted Go.
Лансирањето на услугата на верификација на користената луксузна облека им овозможило на членовите на Vinted со поголема сигурност да тргуваат со дизајнерски и високо-вреднувани модни предмети и облека..
Врз основа на оствареното лани компанијата планира да продолжи со вложувања во Na Vinted Go, особено во Франција, Белгија и Холандија./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.