За во четвртокот да присуствуваат на презентацијата на првата колекција на Louis Vuitton, создадена од Pharrell Williams, новиот креативен директор за машка мода, гостите со јахта во сопственост на групацијата LVMH беа пренесувани до Pont- Neuf мостот, во Париз, за да влезат во свет во кој „сè се претвора во злато„. Од столчињата на модното шоу до комплетот за новинари и ќебињата што како подарок ги добија гостите – се беше „позлатено„ за од Louis Vuitton да биде објаснето како облеано од сонцето!

Како и да е, на настанот најавен како пролетен гламур, можеа да се видат сите оние кои му значат на брендот и на кои брендот им значи: од  Rihanna, Beyonce, Naomi Campbell, Kim Kardhasian и Zendaya, до JJ Li и Song Joongki , музите задолжени за промоција на Louis Vuitton во Азија.

За своето прво претставување Pharrell Williams го одбира сонцето, објаснувајќи во соопштението за медиумите, дека тоа е универзален извор на живот што на мажите има дава енергија, ги лекува и обединува – низ културите и верувањата.

Што се однесува до моделите на пистата, машката колекцијаза пролет/лето 2024 година, воглано останува во склад со она што модното студио го правеше претходно. Pharrell Williams внесува и свој рап допир со шаблонот „Damier Atari 8-bit“, како дигитализиран шарм за Damier. Ефектот со игрите на камуфлажа од овој шаблон се наоѓаат во пејзажи, принтови и жакарди, на палта, јакни, пижами и кошули, како и на палта и чанти со познатиот цветен дезен на Louis Vuitton.

Обемната колекција, од која некои парчиња веројатно нема да бидат произведени за малопродажба, оди во прилог на коментарите дека во делото на Pharrell Williams се гледа дека е мултидисциплинарен уметник, а не „ couturier“ во вистинската смисла на терминот. Настапот на Williams ( заедно со Jay-Z) на забавата одржана по модната ревија оди во прилог на искажаните сомнежи./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.