ВестиКултура на живеење

Компанијата на Rihanna, Fenty, со тужба од 10 милиони долари

Компанијата на Rihanna, Fenty, е со тужба со која анонимен артист бара 10 милиони долари отштета за погрешна песна пуштена на ревија со што била навредена муслиманската заедница. Ревијата била лани – тужбата е нова, иако во меѓувреме Rihanna напати се извини доколку имало каква и да е повреда на чуства поради погрешно пуштена песна.

Уметникот, кој инсистира да остане анонимен, вели дека од Fenty ги игнорирале јасните упатства во врска со верзијата на песната која била пуштена додека на пистата биле манекенки во долна облека.

Во документите доставени до судот, а за кои известуваат електронските медиуми, се истакнува дека од Fenty било побарано уметникот да дозволи користење на песната за Savage X Fenty модната ревија.

Rihanna, побара извинување до муслиманската заедница на своите приказни на Инстаграм. „Неверојатно сум разочарана од сето ова. Не играм со никаков вид непочитување кон Бога или која било религија и затоа употребата на оваа песна во нашиот проект беше целосно неодговорна “, напиша таа. И покрај извинувањата, уметникот добивал смртни закани поради песната и бара отштета од 10 милиони американски долари „за вознемиреноста предизвикана од заканите за убиство и принудата да се сокрие./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.