ВестиКултура на живеење

Кико – прв аудио читач на македонски јазик

Кико е првиот аудио читач на македонски јазик, создаден на иницијатива на Министерство за труд и социјална политика, Програмата за развој на Обединетите нации, а во партнерство со Националниот сојуз на слепи. Кико е нова софтверска апликација, наменета за лицата со оштетен вид. Ќе овозможи пишаниот текст да се слушне и разбере во аудио верзија. Aудио читачот е бесплатен и достапен за сите корисници на Андроид системи, мобилни телефони, десктоп компјутери или други електронски уреди.

За да се инсталира треба да се симне RHVoice апликацијата на play.google.com

Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост ја потврдува максимата за почитување на сите човекови права и фундаментални слободи на сите, истакна постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан. Посебно внимание се посветува на заштитата на достоинството на лицата со попреченост. Со денешното претставување на „Кико“, верувам дека сме чекор поблиску кон вистинскo остварувањe на таа заложба, посочи Сахакјан./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.