За маската која ќе помогне во борбата против слободните радикали и ќе ја подобри колагенската заштита потребни се следниве четири состојки: какао во прав, мед, авокадо и цимет.

Какаото е најдоброто од сите наведени состојки, бидејќи антиоксидансите што ги содржи (меѓу другото) ја подобруваат и колагенската заштита. Медот ги штити и чува природните масла на кожата за таа да стане еластична и мека. Авокадото е еден од најдобрите продукти против промените: го спречува создавањето на брчките и ги елиминира создадените. Д-манохептулозата, која ја содржи авокадото, го стимулира производството на колаген. Циметот содржи уникатно есенцијално масло кое е ефикасен, природен тоник.
Маската се подготвува од пире од едно авокадо, три лажици сирово какао во прав, две лажички мед и една кафена лажичка цимет. Смесата се нанесува на лицето и по половина часе се одмива со млака вода.
Суровото какао содржи над тристотини антиоксиданси по што се идвојува од сите други природни производи. Големото количество антиоксиданси може да помогне да се спречи предвременото стареење на кожата./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.