Ист Гејт Мол

Во предвечерје на официјалното отворање на Ист Гејт Мол, на 28 октомври, оддржана е средба на инвеститорите со закупците, соработниците и партнерите, на која присуствуваа и Претседателот на Р.С. Македонија, Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието, Талат Џафери, Претседателот на Владата, Зоран Заев, министри во Владата и претставници на дипломатскиот кор.

На присутните свои обраќања имаа акционерите на Скопје Ист Гејт, г-дин Арсим Папранику и г-дин Самир Мане, како и премиерот Зоран Заев, кој го изрази задоволство што со Ист Гејт Мол, инвестиција од над 103 милиони евра, ќе придонесе македонската економија да добие економски импулс во периодот на глобалната пандемија. Главниот град со оваа инвестиција добива модерен лик и станува уште поатрактивна дестинација за странските посетители.

Ист Гејт Мол е изграден во рекорден рок за 26 месеци, се простира на 160.000 мерти квадратни, а изграден е за рекордни 26 месеци. Ист Гејт Мол претставува нов стимул за економски развој и 2.500 вработувања. Дел од повеќенаменскиот проект Скопје Ист Гејт и претставува инвестиција на Балфин Групација (Balfin Group).

Ист Гејт Мол официјално ќе биде отворен за посетителите на 29 октомври, од 10:00 часот./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.