Наместо обична сол, се советува користење на морската сол. Содржи јод, кој е од исклучително значење за функционирањето на тироидната жлезда, одговорна за голем број функции во телото.

Содржи повеќе од 80 хемиски елементи, почнувајќи од натриум хлорид, преку калиум и магнезиум, па се до манган.Затоа:

Морската сол го алкализира телото и на тој начин помага да се балансираат нивоата на киселината во телото;

 Влијае полезно врз имунолошкиот систем, па телото станува поотпорно на разни автоимуни заболувања и настинки;

– Научниците докажаа дека редовната користење на морската сол растворена во чаша вода може значително да го намали нивото на лошиот холестерол во телото;

– Докажано е дека ја подобрува структурата на коските, па со редовно консумирање во исхраната, може да се забави развојот на остеопорозата;

– Содржи калиум, што го прави ефикасен против грчеви во мускулите;

– Се смета за природен прочистувач на крвта, бидејќи делува како антиоксиданс и ги уништува слободните радикали;

– Ја подмладува кожата одвнатре бидејќи благодарение на минералите што ги содржи успешно се бори со акните, псоријазата, егземата и појавата на првите брчки.

– Помага при намалување на главоболките, доколку го користите за инхалирање, или како облога со морска сол. При инхалирањето вдишувањето на солта делува полезно на кожата на лицето бидејќи ги отвора порите и го чисти лицето од нечистотии./М.М.

You may also like

Comments are closed.