Колекцијата Balmain 1945 е најновата понуда на модната куќа  и претставува  потсетување на моќните дизајни на основачот во повоениот период.

За оваа нова линија, креативниот директор Olivier Rousteing ги одбира, следи и обработува првите, најсилните дизајни на Pierre Balmain, за да создаде смела колекција на меки торби од кожа и жакард, во различни големини и форми. Повторувањето на PB, на  референцата на модната куќа и на иницијалите на нејзиниот сновач, претставуваат одраз на фасцинацијата на Pierre Balmain со лавиринтите на најубавите ренесансни градини во Франција.

Именувани по годината на основање на куќата, чантите на Balmain 1945 колекцијата  се прекриени со луксузна кожа и жакард, со карактеристичен лавиринт дезен. За оваа сезона, интригантниот лавиринт мотив продолжува да се развива кон нови бои и тонови – во бојата на зрелиот портокал, како и на познатите средно браон тоновите на Balmain./M.M.

„Balmain Paris 1945“

„Balmain Paris 1945“

You may also like

Comments are closed.