Маски за лице со јајца се користат и за да ја подобрат хидратацијата на лицето. Протеините, како што е овалбумин, имаат способност да врзуваат вода. Затоа кожата на лицето изгледа освежено и хидрирано. Маските со јајца ја освежуваат кожата, ја задржуваат нејзината природна влага и прават лицето да изгледа здраво, затегнато и свежо. Доволно е да се измати белката со три капки лимон и да се нанесе на лицето. По десетина минути маската се одмива со млака вода. /М.М.

You may also like

Comments are closed.