Согласно последните објавени податоци за платежна статистика од Народната Банка на С. Македонија, растот на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон домашни интернет продажни места изнесува 173%. Во третиот квартал реализирани се 43.5 милиони евра кон домашните е-трговци, додека за првите девет месеци од годината 117.3 милиони евра, што е раст од 123% споредено со 2019 година, кога вредноста изнесувала 52.7 милиони евра.

По растот од 178% во вредноста на онлајн трансакции со домашни картички кон домашните е-трговци во вториот квартал од 2020 споредено со минатата година, Македонците продолжиле и во третиот квартал со засилено темпо сo онлајн трансакциите.

Дека Македонците ги промениле навиките за време на пандемијата говорат и резултатите од Анализата на е-трговијата која ја спроведе Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Над 35% од испитаниците купуваат во поголем обем, околу 20% почнале да ги плаќаат сметките онлајн, а над 70% се изјасниле дека ќе продолжат и по COVID-19 да купуваат онлајн во исто темпо.

Има навистина голема потреба за подобрување на официјалните податоци од областа на е-трговијата кои се прибираат и објавуваат од надлежните институции. За да знаеме каде одиме и како напредуваме потребна е јасна слика за индустријата, вели д-р Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Потребна е категоризацијата за да можеме да имаме порелеватна слика, а исто така потребни се и податоци за целокупната малопродажба во земјата како би можеле да го знаеме уделот на онлајн продажбата во истата.

Пандемијата отвори можност каква што до сега не постоела за е-трговијата. Се забележува раст на глобално ниво, некои земји успеаа за неколку месеци да остварат три до пет пати годишен раст. Сепак се работи за поразвиени земји, со адекватно ниво на дигитални вештини на популацијата и богата понуда во е-трговија. Земјите со пониско ниво на дигитални вештини кои се потребни за учество во онлајн купување, како Северна Македонија неможат да го фатат тој чекор толку брзо бидејќи овие повеќегодишни слабости не се решаваат во неколку месеци. Затоа е важно што поскоро да се постави јасна цел и дигитална стратегија за нашата земја. /М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.