Дали озогласениот реламен серијал Balenciaga x Adidas Hourglass треба да биде заборавен и следи ли промоција на нова колекција на Balenciaga x аdidas. – Пред два дена, корисник на Инстаграм сподели слика од досега невидена силуета на патики со који се спојуваат Balenciaga и adidas.

Во декември минатата година, по скандалот на Balenciaga, а под силен притисок на јавноста за соработката adidas x Balenciaga, од брендост за спортска опрема беше посочено дека повторно се оценува партнерство со Balenciaga и дека се „паузирани сите лансирања на производи до натамошно известување.”

Нови официјални известувања од тогаш нема, иако различно може да се толкува изјавата на Hypebeast според која, иако можеби веќе е достигнат врвот на соработките за спортска и улична облека, сèуште може да има потенцијал за нешто повеќе.

Тоа „нешто повеќе„ се гласините за враќање на adidas x Balenciaga. Пред два дена, корисник на Инстаграм @kicksdong сподели слика од досега невидена силуета – Frankenstein стил со кој се спојуваат Balenciaga Track Sneaker со adidas Originals’ Forum High.

Highsnobiety е портал кој има за цел да ги обезбеди најновите ажурирања во светот на патиките. Иако неможат да ја потврдат веродостојноста на било какви неофициални објави или гласини освен ако тие не се обезбедени од брендовите, оставаат простор за продолжување на adidas x Balenciaga сорботката. Потврда за ова е и првата линија на Balenciaga x adidas, која минатата година првин беше видена на ист начин – со „протекување„.

Од магазинот посочуваат дека ќе биде незгодно за одредување времето за Balenciaga x adidas.

Велат и дека Balenciaga почнува од почеток, по скандалот со рекламната кампања во 2022 година што ја клекна на колена.

Со илјада ветувања Balenciaga во март беше примена на модната пистата, која веројатно служи за соодветната точка за ресетирање на куќата. Сепак, соработката adidas x Balenciaga не беше преставена на пистата, иако токму на тој начин на светот му беше претставен Gucci x Balenciaga.

Само како потсетување, меѓу озогласените реклами е и сликата на чанта од 3.000 долари од серијалот Balenciaga x Adidas Hourglass, со куп хартии во који е и документот до Врховниот суд во кој се прашува дали законите против промовирањето на детска порнографија го ограничуваат Првиот амандман./М.М.

You may also like

Comments are closed.