Бодито е првата облека во светот направена од BioSequins и се очекува допрва да го покаже потенцијалот во индустријата. Бодито е направено од целулоза, изработено во лондонското ателје на Stella McCartney, а го носи моделот и активист Cara Delevingne, на снимањето за најновото издание на американскиот Vogue.

Новиот материјал е развиен од компанијата за биоматеријали, Radiant Matter, како алтернатива на пластичните опции на пазарот базирани на нафта, кои можат да содржат и штетни, канцерогени хемикалии.

Од Radiant Matter истакнуваат дека работат на решенија кои се здрави за планетата без да се загрози естетиката.

Традиционалните пластични светликави материјали се со елементи који често се обложени или завршуваат со синтетички, токсични или метализирани делови, за да го добијат сјајот.

BioSequins е структурно обоен, што значи дека бојата потекнува од вродената структура на материјалот наместо од бои, метали или минерали.

BioSequin сè уште не е комерцијално достапен, но е навестување за иднината на иновативните производи на Radiant Matter, који се во корист на здравјето и на луѓето и на планетата. Бодито е првиот прототип досега, изработено со многу внимание кон конструкцијата и дизајнот, за да го покаже вистинскиот потенцијал на BioSequins./М.М.

You may also like

Comments are closed.