Елена Реи, наш топ модел со интернационална кариера која трае повеќе од 10 години, блеска во новата кампања на Chopard, ексклузивниот бренд за часовници и накит.
Chopard е еден од најстарите и најпознати швајцарски брендови на рафинирани часовници и накит. Датираат од 1862 година и доволно е да се спомене дека на престижната аукција Кристис нивниот рачен часовник “Happy Diamond” беше продаден за сума од 1,67 милиони долари. Елена Реи во своето богато портфолио сега може да го вброи и овој светски моден бренд
Инаку, Реи веќе подолг период престојува во Азија ( Кина , Јужна Кореја , Хонг Конг ) каде работи кампањи и каталози за светски брендови.
Моделс Ин

 

 

 

You may also like

Comments are closed.