За дермаролерот се зборува се почесто како за  неопходен додаток во многу салони за убавина, како и во третманите на лицето во домашни услови.

Со правилна и редовна употреба на дермаролерот се добива: посјаен тен, затегната и поеластична кожа, намалени пори, ублажени мали брчки и линии, помалку изразени траги од хиперпигментација, како и видливо намалени стрии и целулит.

Дермаролер е мала козметичка алатка, која има рачка и ролери покриени со метални игли. Се користи за третман на лице и тело за подобрување на изгледот и на здравјето на кожата.

Третманот со дермаролери е сличен на третманот на мезотерапија со игли, но е помалку инвазивен и, за разлика од мезотерапијата, може да се применува и дома. Кога се користи правилно, со соодветни козметички производи, се постигнуваат истите ефективни резултати како по третман со мезотерапија.

Еден дермаролер не смее да го користат две лица, затоа што постои ризик од инфекции, иритации и посериозни последици по изгледот и здравјето на кожата, па дури и на целиот организам.

Друга важна забелешка: дермаролерот мора да се дезинфицира пред и по секоја употреба и тоа со алкохол (70%) за оваа намена. Дермаролерот се чува во оригинално пакување.

Самиот третман со дермаролер не е особено болен. Како несакан ефект, може да се почувствува непријатност или пецкање на кожата. По апликацијата, лицето или другите третирани области обично остануваат малку црвени, што е вообичаена реакција, бидејќи иглите се користат за да се направат микро-убоди на кожата, што ја стимулира циркулацијата. Затоа, се препорачува третманот да се направи навечер, пред спиење, со цел кожата да се обнови во текот на ноќта. По третманот, се нанесува смирувачки, навлажнувачки крем на лицето и / или телото.

Резултатите се видливи по првите неколку апликации. Препорачливо е да не се користи шминка 12 часа по употреба на дермаролер, но се препорачува употреба на креми за сончање, особено во првите денови од третманот.

Должината на иглите одредува колку длабоко активните состојки ќе навлезат во кожата и колку брзо ќе започне процесот на регенерација на клетките. Кога станува збор за третмани на лицето, употребата на дермаролери чија должина на игла е поголема од 0,5 мм не се препорачува за домашна употреба. Во случај третманите да ги прават професионалци, должината на иглите може да биде уште подолга. Ако имате исклучително чувствителна кожа, се препорачува да користите игли долги 0,25 мм. За третман на региони каде што кожата е подебела, како што се бутините, се препорачува да се користи дермаролер со игли долги 1,5-2,5 мм.

Примената на дермаролер е многу едноставна.

Пожелно е претходниот ден да се направи пилинг на лицето или телото, или регионот каде што се користи дермаролерот. Пред употреба, неопходно е да се дезинфицира приборот и темелно да се исчисти кожата. Важно е да не се користат производи на база на масло за чистење, за да не се затворат порите.

Со лесни движења, влечете го ролерот во различни насоки, со то што иста површина несмее да биде третирана повеќе од 10 пати. Колку треба да биде силен притисокот за време на третманот е целосно индивидуално. Поточно, зависи од тоа како изгледа кожата и колку е чувствителна.

По третманот, нанесете соодветна крема, серум или маска на лицето, со цел да ги нахраните клетките, да ја смирите кожата и да го ублажите црвенилото.

Ако користите дермаролер како антицелулит, или третман за ублажување на стрии, по процесот на тркалање, нанесете антицелулитна крема во третираните региони./M.M.

You may also like

Comments are closed.