КозметикаУбавина и здравје

Два нови проивода за нега на очите од на Estee Lauder

Estee Lauder

Со новата напредна формула на Advanced Night Repair Eye Concentrate Matrix, кожата околу очите станува поцврста за само три недели, а и значително е подобрено измазнувањето на фините линии во областа околу очите и меѓу веѓите.

Advanced Night Repair Eye Supercharged Complex, е исто така нов производ на Estee Lauder, кој помага во осветлувањето на темните кругови околу очите за три недели, спречува и оштетувања предизвикани од слободните радикали со новата 8-часовна антиоксидантна моќ.

Во создавањето на новите производи користени се нови технологии:

Chronolux™ Power Signal Technology: Оваа ексклузивна технологија помага да се зголеми природната способност на кожата за видливо санирање, со ин витро тестирање, кое покажува дека го помага природното обновување на кожата и го зајакнува природното производство на колаген. Со континуирана употреба на формулата, линиите и брчките изгледаат намалени, а кожата е поцврста.

360° Mesh Matrix “Shock Absorber: Нашата зајакнувачка мешавина на високо-еластичен полимер и хијалуронска киселина со повеќе молекуларна тежина ја подобрува структурата и дебелината на тенката, нежна кожа на очите за да се спротивстави на видливите ефекти на динамичните изрази. Овие постојани микро-движења – покрај стресот  – влијаат негативно врз колагенот на кожата околу очите. https://www.esteelauder.com/product/689/77491/product-catalog/skincare/repair-serum/advanced-night-repair-serum/synchronized-multi-recovery-complex

Со редовна употреба очите изгледаат повеќе младешки, живописни, здрави. Видливо е подобрувањето на линиите околи очите за само три недели. Веднаш го намалува изгледот на подуените очи./M.M.

You may also like

Comments are closed.