Седмото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, ќе биде одржано на 8 и 9 декември, во елегантната атмосвера на хотелот Мериот, во Скопје.
„Винодинија“ станува традиција што многумина ја нарекуваат рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст, промовира добри вина и, освен едукативен карактер, се грижи за развој на нашата винска култура.
Организаторите најавуваат дегустација на вина од 80 винарии, со импресивна бројка од 600 етикети, меѓу и странски вина кои се позастапени кај нас последните години .
Во рамките на салонот ќе можат да се вкусат гастрономски брендови што ќе го потенцираат вкусот на виното, а ќе биде застапена и гурманската традицијата на Слоу Фуд Македонија.
„Винодонија“ по правило ќе понуди едукативен пристап кон виното: освен дегустации за два дена ќе се случат и неколку работилници и мастер класови, како и вистински конекции во развивањето на винската култура во нашата земја.
Работното време во двата дена на винскиот салон „Винодонија“, ќе биде од 15 до 21.00 часот.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.