Lacoste x EleVen капсула колекцијата ја спојува естетиката на Lacoste со спортската облека на Williams.
Lacoste ја промовира Lacoste x EleVen – најновата капсула колекција создадена во соработка со EleVen by Venus, брендот за спортска облека на тениската ѕвезда Venus Williams. Од 2022 година Venus Williams едновремено е и амбасадорка на француската модна куќа, позната по својата линија на спортска облека.


Според изјавата на Williams, мисијата на EleVen е да ги инспирира жените да станат самоуверени и да им помогне во остварување на нивните цели. Оваа соработка со Lacoste го отелотворува истиот етос, вели Williams. Ми претставуваше чест да работиме со нивниот тим на колекција која која не само што ја одразува посветеноста на EleVen, туку и оддава почит кон богатата историја и наследството на Lacoste.


Колекцијата од 18 модели наменети за есен-зима е подготвувана цела една година и содржи тренерки, маици, џемпери, тениски здолништа и фустани, најлонски тренерки извезени со логоа на двата бренда, како и колекционерска јакна. Lacoste x EleVen е достапна во продавниците и на lacoste.com од ноември
Основач на EleVen е Venus Williams, поранешна светска тенисерка број еден и седумкратна гренд слем шампионка во сингл. Целта на брендот е на жените да им понуди квалитетна облека за спортски активности во која ќе се чувствуваат одлично, а и ќе ги подобруваат перформансите./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.