Бразилската мадеро-терапија не е иста со класичната мадеро терапија. Бразилската станува апсолутен хит во светот и сè попопуларна. Третманите даваат до шест пати побрзи резултати во споредба со класичната мадеро терапија. Можна е голема трансформација за еден ден и еден третман. Се работи и со раце и со сукало така што во текот на третманот телото буквално се моделира. Не се потребни десетици третмани за да се види разликата. Секој третман е делотворен.

Бразилската мадеро-терапија досегнува длабоко во под слоевите на ткиво за да ги активира клетките од внатре: ги намалува масните наслаги околу половината, го елиминира вишокот на бутините, ја стеснува половината, ги дефинира рацете и нозете, а ги намалува и наслагите на грбот и стомакот. Третманот се реализира во одреден број салони за убавина, а обуките ги реализира и АРТ студиото. /М.М.

You may also like

Comments are closed.