За среќен почеток на училишната година Бимилк, заедно со четири невладини организации, донираше училишни ранци и млечни производи на првачињата од социјално загрозени семејства.

Кога имате секојдневие во кое родителите се борат да овозможат основни услови за живот, влегувањето во школските клупи на овие деца е момент обременет со економскиот и социјален елемент. Секое дете заслужува најдобри услови за овој почеток на образовниот процес низ кој се гради личноста на децата. Донацијата на овие училишни ранци е гест што го растоварува детското доживување на првото зачекорување во училиште и создава убави и среќни моменти кои, понатаму, позитивно се одразуваат врз целата образовна и социјална интеграција на децата од социјалната маргина. Тие денес видоа дека Бимилк се грижи за нив и за нивната иднина, истакна Весна Станковска, координатор на активности во Здружението Љубезност.

За секое дете почетокот на образованието е најважен чекор кон патеката на нивната иднина. За дечињата без родителска грижа овој момент е од голема важност, бидејќи започнува фазата во животот која најдиректно ќе влијае врз нивната иднина и ќе им ја обезбеди сигурноста која им е најмногу потребна. Бимилк, како наш стратешки партнер и поддржувач, веќе низа години, преку различни активности,го поддржува растот и развојот на овие дечиња. Оваа година поддршката беше насочена кон првачињата кои како благодарност нацртаа повеќе цртежи инспирирани од производите на компанијата. Благодариме за убавата дружба, искрените насмевки и разубавувањето на почетокот на училишната година за дечињата – првачиња“, изјави Силвија Брајовиќ од СОС Детско село.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.