
H&M Studio ја претстави капсулната колекција Pre-Summer 2025 – скулпторски костими за капење со моќен моден израз
H&M Studio ја најавува новата капсулна колекција Pre-Summer 2025, инспирирана од скулпторската уметност и енергичноста на летото. Колекцијата, достапна од петти јуни во одбрани продавници и на hm.com, нуди смели, архитектонски дизајни на костими за капење и модни додатоци, креирани за самоуверени жени со истенчен вкус за висока мода.
Колекцијата, според соопштението, вклучува елегантни парчиња со изразени форми, аголни исечоци и корсетирани детали што ја нагласуваат женската силуета. Меѓу клучните модели се издвојуваат златен едноделен костим, асиметричен црн костим на едно рамо, како и сребрено структурирано бикини со сјаен ефект. Линијата е заокружена со впечатливи додатоци – црни очила за сонце со сребрени акценти, скулпторски обетки, метално украсен саронг и златна наметка со детаљи на колковите.
„Сакавме да создадеме капсулна колекција што е остро модерна, гламурозна и неочекувана – со силни скулпторски форми што го нагласуваат телото,“ изјави Катрин Дојч, дизајнерка во H\&M Studio.
Колекцијата Pre-Summer 2025 го слави телото и стилот со самоуверен, уметнички пристап, поставувајќи нови стандарди за луксуз во летната мода.