David Beckham

David Beckham, поранешен фудбалер и веќе 16 години амбасадор на добрата воља на UNICEF, на четврти септември присуствуваше на хуманитарниот Soccer Aid фудбалски настан за UNICEF, на Etihad стадионот во Манчестер.

Следбениците на Beckham и бројните фоторепортери забележаа нови детали во неговиот беспрекорен стил: имено, David Beckham ја смени фризурата и бојата на косата и сега е блонд.

David Beckham

Костумот во кој се појави на стадионот е на Kent & Curwen, а тоа е брендот чиј амбасадор е токму Beckham. Bо Kent & Curwen тој има капсула колекција на костуми, палта и модни додатоци, која го носи неговото име.
Она што го сакам кај брендот Kent & Curwen е нивното педигре и совршеност што се пренесуваат од генерација на генерација, вели Beckham. Отсекогаш сум бил инспириран од едноставен и класичен стил. Понекогаш тој стил е претставен со обични фармерки и маичка, а понекогаш и одличен костум од класични британски кројачи.
Kent & Curwen е британски бренд основан во далечната 1926 година, а познат по триесетите со креирањето на крикет џемперите. Од 2013 година се дел од Trinity Limited групацијата./М.М.

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.