Mao Mao

Кога Zheng, вработен во автомобилската индустрија и сопственик на двегодишната мачка Mao Mao, сосема случајно ја поставил на еден од автомобилите, изложени на локалниот саем во Чунгкинг, Кина, не ни претпоставувал дека таа ќе стане не само врвна инфлуенсерка, туку и дека ќе заработува од 775 до 1.550 долари по појавување.

Имено, неверојатното внимание што мачката го привлекувала од почетокот на својата кариера до денес, сериозниот пристап и трпеливоста кога е во прашање облекувањето во разни модели и позирањето, биле пресудни Mao Mao да добива бројни понуди за настапи на саеми и промоции на автомобили.

По раса британска краткодлака мачка од кинескиот Чунгкинг, по карактер мила и трпелива е веќе вирален феномен на социјалните мрежи и носи голема публика за брендовите за кои позира.

Сосема снаодлива, Мао Мао совршено позира на моделот на кој дента ќе ја постави нејзиниот сопственик.

Исто така ги носи своите костуми, дизајнирани специјално за неа, без никакви проблеми и грижи на овој свет.

Според наводите, таа позира три до четири пати месечно, собирајќи фина сума на крајот на месецот.

Мао Мао за позирањето добива најквалитетна храна за мачки, специјално создадени парчиња облека, и тони внимание, како што и прилега на една моделка.

Според однесувањето, Мао Мао дефинитивно го заслужува секој момент од славата./M.M.

Погледнете и сами:

https://www.autoevolution.com/news/this-cute-cat-makes-a-living-as-a-very-successful-car-model-160683.html

 

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.