![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2022/09/BeautyPlus_20220926093230018_save.jpg?resize=800%2C400&ssl=1)
Во најновиот број на модното списание Elle Serbia, во модниот едиторијал, се појавува нашиот модел Викторија Ристовска.
Препознатлива по специфичната портокалова коса и авангардниот изглед, таа беше побарана од уредникот на списанието за овој урбан едиторијал .Токму пред две недели беше во Белград, Србија, кадешто освен ангажманот за Elle Serbiа, настапи и на Модната недела . Иако Ристовска подлго време работи како модел, оваа година се чини дека е нејзина бидејќи беше ангажирана од многумина македонски дизајнери, за во нивните нови колекции, како Мите Занов , Димитар Бабков , Јована Филиповиќ и Христијан Младеновски.
Нејзината матична агенција, Моделс ИН Менаџмент, во соработка со Фокс Моделс од Белград, во моментов работат на нејзината интернационална кариера.
Моделс ИН Менаџмент