Naomi Scott во февруари ќе дебитира како заштитно лице на новиот вегански мирис на Chloé Nomade Eau de Parfum Naturale.
Naomi Scott е британска актерка која се пробива и во модната индустрија. Освен филмските успеси и волонтерската работа, актерката со потекло од Индија и Уганда, сега стана заштитно лице на Chloé Nomade Eau de Parfum Naturale. Веќе следниот месец ќе биде промовирана новата рекламна кампања за парфемот во која глуми Scott свој ентузијазам веќе го сподели преку објава на Инстаграм во која истакнува дека:„ Chloé е иконски бренд и тоа се протега и на самиот парфем. Навистина е убава работа кога можеш естетски да работиш со бренд што го сакаш, притоа почитувајќи го неговиот етос„.
Мирисот Nomade од Chloé е создаден како опција за вегански парфем, со низа целосно природни состојки. Scott отворено зборуваше дека има исклучително чувствителна кожа и дека не случајно е избрана за лице на најновиот мирис на брендот./М.М.

You may also like

Comments are closed.