Chanel годинава ја започнува со нова колекција – N°1 De Chanel Camellia. Модната куќа ја избра црвената камелија како суштина на новата колекција која инаку се создава во Гаук, град во југозападна Франција, каде што се наоѓа истражувачка лабораторија, а голем број посветени експерти спроведуваат иновативен агро-еколошки методи за развој на билките.

Врвните резултати во негата на кожата започнуваат во коренот на растението, каде што започнува екстракцијата, концентрацијата и прочистувањето на водата и на почвата.

Освен коренот, и расцутениот цвет на црвената камелија што рачно и навремено се бере се вметнуваат во процесот на создавањето на новата колекција. Црвената камелија  ја зајакнува одбраната на кожата, ја забавува дехидрацијата и помага кожата да изгледа свежо и со младешки сјај.

Chanel отсекогаш инвестирал ресурси и време на своите истражувачки локации, во различни климатски зони, со цел да се постигнат оптимални резултати. Во оваа колекција, црвената камелија е цвет што се разликува од кој било друг, покажувајќи извонредни ефекти врз кожата.

Брендот успеа да ја имплементира оваа прекрасна состојка во три линии на производи: за нега на кожата: шминка и миризлив мист. Основите се ревитализирачки серум и крема од црвена камелија, за кои е докажано дека значително ги намалуваат брчките. Ревитализирачкиот крем за очи Red Camellia помога да се освежи пределот околу очите.

L’eau Rouge Revitalizing Fragrance Mist се состои од ноти на јасмин, цвет од портокал, роза и пенливо црвено овошје. Дизајниран да ви даде чуство на свежина, може да се носи самостојно, или со кој било друг парфем./М.М.

You may also like

Comments are closed.