Иако постојат многу различни начини за уживање во кафето, оние кои ценат нешто посилно претпочитаат да пијат шолја еспресо секое утро. Иако тоа можеби не изгледа како лоша секојдневна навика, поради фактот што кафето има свои придобивки, најновото истражување потврди дека еспресото може да биде најлошата опција за оние кои имаат – или сакаат да избегнат – висок холестерол.

Имено, во новата студија објавена во списанието Open Heart, истражувачите ги разгледаа податоците од над 21.000 учесници кои беа на просечна возраст од 56,4 години. Едно од откритијата е и дека кај учесниците кои пиеле еспресо се евидентирани повисоки нивоа на холестерол.
„Промената на еспресо со нефилтрирани типови на кафе може да биде дел од интервенцијата во животниот стил за намалување на нивото на серумскиот холестерол“, заклучува авторката на студијата д-р Maja-Lisa Løchen, од Arctic University, од Норвешка, за Medscape.
Тоа би можело да ги остави еспресо-пијачите загрижени и подготвени да се префрлат на друг пијалак. Amanda Lane од Healthful Lane Nutrition, за Eat This, вели дека еспресото може да биде поврзано со повисоките нивоа на холестерол, затоа што се филтрира повеќе од другите пијалоци, поради што не дозволува корисните масла од кафето да преминат во пијалокот, на начин на кој тоа го прави нефилтрираното кафе.
Едновремено, Lane вели дека „студијата не ги испитува антиоксидантните својства на еспресото, кои се доста високи. Затоа, за многумина тој е одличен извор на антиоксиданси, особено доколку не јадат доволно разновидно овошје и зеленчук.
За сите заинтересирани да се префрлитат на друг извор на кофеин, се предлага француско еспресо, или помалку филтрирано кафе, кое овозможува корисните масти во кафето да останат во пијалокот и на тој начин да се конзумираат./М.М.

You may also like

Comments are closed.