За својот настап на Евровизија, преставничката на Србија, Констракта, избра симболичен стајлинг, со бел костим и некогаш популарните чевли – боросани. Овие чевли првин беа наменети за сите жени кои долго стојат на работа, а потоа станаа моден додаток за љубителите на ретро стилот.

По потегот на Констракта, забележан е и раст на побарувачката како и на продажбата на овие чевли.
Боросаните сега се произведуваат во Хрватска и во Словенија, па затоа Ана Ѓуриќ, за потребите на својот настап на Евровизија, ги купила во Загреб.
Вработените во фабриката Вуковар, каде што веќе 54 години се произведуваат легендарните боросани се воодушевени од потегот и секако од неочекуваната реклама. Така, претставникот на Борово, Иван Стажиќ, за RTL изјави дека се среќни што претставничката на Евровизија ги носела чевлите од Борово на европската сцена, која ја гледале милиони гледачи на малите екрани и предизвикала таков медиумски интерес за нивниот производ.
„Побарувачката за боросаните порасна по веста дека ќе бидат на Евровизија. Ова е доказ дека боросана веќе не се само работни чевли, туку и моден додаток, особено со новиот дизајн на платно во шарени и весели дезени“, изјави Стажиќ.

 

You may also like

Comments are closed.