Yves Saint Laurent Beauté го представи Babycat, новиот мирис на ексклузивната парфемска линија Le Vestiaire des Parfums. Колекцијата вклучува парфемски интерпретации на легендарните парчиња облека, на мотиви и материјали што се вткаени во историјата на модната куќа.

Babycat се претставува како унисекс мирис со предизвикувачки couture принт што ја симболизира моќта на заведувањето. Принтот е на леопард и за прв пат беше виден на свилен фустан во колекцијата YSL од 1968 година. Од тогаш до денес леопард дизајнот стана потпис на модната куќа Saint Laurent.

Создавач на мирисот е парфимерот Dominique Ropion. „Сакав да го истакнам тонот на кожата што природно се наоѓа во ванилата и да создадам парфем околу контрастот помеѓу овој аспект и гурманскиот карактер“, вели Ropion.

Сензуалната миризлива реинтерпретација на овој принт доаѓа во дрвена композиција која се отвора со ноти на розов и црн пипер, додека во срцето на парфемот се олибан и скапоцениот шафран, кои ги нагласуваат кожните аспекти на ванилата. Основата на парфемот се состои од ванила, кедар и кожа. Мирисот е достапен како Eau de Parfum од 125 ml./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.