Tiffany & Co. ја претстави новата колекција Return To Tiffany Micro Tote во пет боји, наменета за оваа сезона.

Микро чантите се достапни во големина од 12 x 16 цм, придружувајќи им се на мини чантите, со димензии 20 x 28 цм, на малите (29 x 35 цм) и на постојните, со средна големмина 37 x 43 цм.
Помалите пропорции не се пречка чантите да вклучуваат сè што подразбира функционален дизајн кој веќе го освоји пазарот. Минијатурните верзии се изработени од кожа и ја имаат за брендот карактеристична силуета во облик на срце.


Ниту еден детал не е изоставен, вклучително и внатрешниот џеб, затворањето со магнетна копча и рачките од паладиум, заедно со синџирот. Колку и да е мала, оваа минијатурна чанта останува функционален избор, благодарение на коженото ремче кое се вади.

Return To Tiffany Micro Tote се во четири димензии и во пет боји: култната Tiffany сина, постојните кристално розова и хибискус црвена, како и две нови нијанси – на цитрусно жолто и бело./М.М.
Деталите за новата колекција се тука.

You may also like

Comments are closed.