Модни додатоциТрендови

„Блосом“ – новата колекција на YOVA

Пет рачно изработени модели инспирирани од процесот на цутење ја редефинираат современата чанта како спој на естетика и практичност

YOVA официјално ја лансираше својата нова колекција „Блосом“ за сезоната пролет/лето 2026, со која го продолжува препознатливиот пристап кон рачна изработка, премиум материјали и оригинален дизајн. Моделите од колекцијата веќе се достапни преку официјалната веб-страница на брендот.

Инспирацијата за „Блосом“ , според соопштението, произлегува од самиот процес на цветање, како симбол на нов почеток, емоција и лична трансформација. Колекцијата ја следи жената низ нејзините различни состојби и циклуси, од нежност и радост до самодоверба, движење и внатрешна смиреност, при што секој модел претставува посебен израз и енергија.

Колекцијата се состои од пет модели со јасно дефиниран визуелен идентитет: „Ринг“, со архитектонска форма, создадена од рачно хеклани кружни елементи; „Фиори“, скулптурална интерпретација на цветна форма; „Бисера“, украсена со 29 охридски бисери од семејството Талеви; „Луна“, со органска форма и балансирана текстура; и „Реса“, динамичен модел со слоевити реси што создаваат движење.

Сите чанти се рачно изработени од FSC-сертифицирана вискозна рафија Pontova® од Италија, со развиени техники на хеклање што традиционалната вештина ја трансформираат во современ моден израз. Внатрешноста е обложена со веганска кожа Vegea, исто така набавена од Италија, што дополнително ја нагласува посветеноста на брендот кон квалитет и одржливост.

Дополнителна вредност на колекцијата е соработката со италијански партнери за дигитален пасош на производите, како и вклучувањето на семејството Талеви, чии охридски бисери внесуваат автентичен културен елемент во дизајнот.

Колекцијата е придружена со кампањата „СВОЈА“, која ја прикажува жената низ различни емоции и состојби – од радост и нежност до самодоверба, енергија и смиреност.

You may also like

Comments are closed.