Известувањето за премиерата на продолжението на Top Gun и на легендарниот Tom Cruise, како да беше засенето од присуството на Duchess of Cambridge и на нејзиниот сопруг – принцот William. На премиерата на Maverick во Лондон Kate Middleton се појави во елегантен црно-бел фустан, во кој до полн израз дојде нејзината беспрекорна линија, а принцот William носеше чевли со воочлив амблем на авион.

 

Креацијата на Roland Mouret беше апсолутен погодок за вечерта во кино на Kate Middleton и за нејзиното видно расположение, за кое се погрижи и домаќинот – Tom Cruise.


Класиката од 80-тите Top Gun, чие продолжение беше проследено 36 години потоа, има посебно место во срцето на принцот William. Имено, тој е обучен пилот и има поминато три години во мисии за пребарување и спасување. Иако не е летање со борбен авион, сепак е љубов кон височините за кои станува збор и во филмот, а се и повод тоа да се покаже на неговите чевли.
Освен Tom Cruise , на црвениот ќилим беа и артистите од филмот: Jennifer Connelly и Val Kilmer./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.