Ланецот е новиот мотив на Philosophy за оваа есен: да спојува, поврзува или стега и притиска? Вечниот романтичар, италијанскиот дизајнер Lorenco Serafini, не открива од каде поривот за избор на токму овој мотив но, повикува на промена, како на допир со внатрешната „дива„.

Ланците се на есенските кардигани, свилените, често целосно проѕирни кошули, на плетените фустани и блузи, како и на модните додатоци за есенва. Тој мотив поврзете го со вашиот стил есенва, порачува Lorenco Serafini.

Објаснувајќи го своето творештво, дизајнерот ја истакнува и виткоста на силуетата – која не е ниту отворено секси ниту премногу романтична. Поради тоа и колекцијата на Lorenco Serafini за есенва наликува на грациозна игра на заволивоста и романтиката.

Затоа и не изненадува што референците од 70-тите и 90-тите остануваат доминантни и во оваа колекција на неговиот бренд Philosophy./М.М.

 

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

You may also like

Comments are closed.