ВестиКултура на живеење

Кој е Брет Голдстин, „потенцијалното ново момче“ на Џенифер Лопез?

По разводот со Бен Афлек, светските медиуми будно го следат секој чекор на поп-пејачката и актерка Џенифер Лопез. Иако таа неодамна изјави дека ужива во соло животот и дека „требало тоа да го стори и порано“, едно машко име со денови не излегува од насловните страници. Станува збор за британскиот актер и комичар Брет Голдстин.
Гласините за нивната наводна романса се појавија поради неверојатната хемија на снимањето на нивната нова романтична комедија „Office Romance“. Работите станаа уште поинтересни кога Брет призна дека во текот на 90-тите години неговата тинејџерска соба била излепена со постери од Џенифер Лопез, па снимањето на љубовните сцени со неа за него било буквално „остварување на сонот“. Најавата за филмот е на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=eyXe9o2aFoQ
Кој е всушност Брет Голдстин?
За оние кои помалку го познаваат светот на сериите, Брет Голдстин (45) е планетарно популарна ѕвезда благодарение на улогата на мрзоволниот фудбалер Рој Кент во хит-серијата „Ted Lasso“, со која освои дури две престижни Еми (Emmy) награди.
Она што најмногу ги интересира обожавателите е – дали е слободен? Одговорот е да. Брет моментално нема девојка, а неговата последна јавна врска со комичарката Бет Рајланс заврши пред неколку години.
Што вели „парот“ за гласините?
За време на заедничкото гостување во познатото американско шоу – Today Show, Џеј Ло и Брет директно ги негираа шпекулациите.
„Не сме во врска. Медиумите ме поврзуваат со буквално секој колега до кој ќе застанам“, изјави Лопез низ насмевка.
Сепак, холивудските инсајдери за порталот Page Six тврдат дека каде што има чад, има и оган. Извори блиски до актерите откриваат дека меѓу нив сепак се случила кратка, тајна афера за време на снимањето, но дека искрата згаснала пред почетокот на официјалната промоција на филмот.
Џеј Ло во креациите на најпознатите модни куќи
Освен со приватниот живот Лопез го привлече вниманието на модната јавност и со промотивната турнеја за комедијата, со внимателно одбраните модни комбинации потпишани од некои од најпознатите светски дизајнери. Зад нејзиниот стил стои долгогодишното стилистичко дуо Роб Зангарди и Мариел Хен, кои за секое појавување одбираат различна модна приказна.
За премиерите на новото филмско остварување таа оживеа дел од модната историја со архивски фустан од Atelier Versace од 2004 година, а за настанот на Netflix Upfront се појави во винтиџ парчиња од Jean Paul Gaultier, со тоа потврдувајќи ја својата наклонетост кон архивските модни креации./M.M.
Фото: Џенифер Лопез, сајт, FB, Instagram

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.