Околу 900.000 британци секоја година примаат инјекции кои содржат ботулински токсин.

-Истражувањата покажуваат дека инјекциите ја намалуваат способноста за изразување емоции.- Нема сомнение дека ботоксот манипулира со емоционалната комуникација!

Според Mail Health, шокантните резултати од најновото истражување откриваат дека ботокс инјекциите можат да ја попречат активноста на мозокот, поврзана со препознавање на емоции.

Секоја година околу 900.000 Британци примаат инјекции со ботулински токсин. Во студијата која опфаќа и гледање на среќни и на тажни лица, учесниците који имале добиено инјекции против стареење, имале и промени на активноста на мозокот, во областите поврзани со емоциите.

Со ботокс инекциите соединението ботулински токсин се инјектира во областите на лицето, како што се челото, околу очите и устата. Оваа процедура ги релаксира мускулите под кожата со блокирање на нервните сигнали који предизвикуваат нивна контракција, измазнувајќи ги брчките.

Сепак, ова може да ја намали и способноста на изразување на емоции на лицето.

Во студијата, научниците од Универзитетот во Калифорнија и истражувачите од производителите на ботокс AbbVie, извршиле скенирање на мозокот на десет жени пред инектирање на ботокс во челото, како и повторно, две до три недели подоцна. За време на експериментот, учесниците морале да се обидат да препознаат гнев и среќа на лицата на добиени фотографии.

Зборувајќи за списанието New Scientist, д-р Fernando Marmolejo-Ramos, истражувач на Универзитетот во Јужна Австралија, објасни дека имитирањето изрази помага да бидат препознаени – мускулите на лицето несвесно ги копираат намуртеноста или насмевката на другиот, пред да испратат сигнали до областите на мозокот кои ги толкуваат емоциите. Токму тоа е нарушено, бидејќи ботоксот ги ограничува овие движења.

Можеби нема да можете да искусите туѓи емоции толку интензивно или живописно колку што би сакале, додадава Marmolejo-Ramoѕ.

Д-р Tijion Esho, од The Esho Clinic, вели: „Нема сомнение дека ботоксот манипулира со емоционалната комуникација. Некои луѓе сакаат да го направат своето лице помалку експресивно. Тие мислат дека така ќе бидат посериозно сфатени.

Ние се поврзуваме со другите, врз основа на она што го гледаме во себе. Ако не можете да видите или почувствувате како се муртете или се насмевнувате, сосема е логично дека ќе се борите да го видите тоа кај другите./М.М.

You may also like

Comments are closed.