Креативната кампања, посветена на поддршката на жените, доби големо финале со модна ревија на уникатните парчиња – фустани со џебови, како симбол за финансиска, економска самостојност на жените.
Првата модна ревија посветена на финансиската слобода на жените е одржана во DoubleTree by Hilton, во присуство на бројни јавни личности и деловни жени. На неа беа претставени креациите на модните дизајнерки Јована Филиповиќ, Аида Зекир (М Couture), Татјана Кокев, Моника Коцарева и дизајнерот Марјан Бебекоски.
Претставените креации по ревијата беа изложени на аукција, на која од хуманите гости беа собрани 155 000 денари који ќе бидат донирани за жени од ранливи социјални категории.
„Инклузијата, еднаквите можности и поддршката се приоритети на глобално ниво на Мастеркард.
Развојот на женското претприемништво во РС Македонија е клучот за развој и просперитет на општеството и локалната економија. Стоиме зад силната порака за поддршка на бизнисите развиени од страна на жените, која ја праќа Халкбанк“, изјави Елена Чардаклиска, Менаџмент-
консултантка во Мастеркард.

You may also like

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

Comments are closed.