Помина неколку не толку убави недели откако илјадници корисници го напуштија WhatsApp поради проблеми со приватноста и започнаа да ги користат Signal и Telegram за испраќање пораки. WhatsApp заклучи дека им требаат промени, па така иако мобилните верзии веќе некое време имаат можност да остваруваат видео повици, верзијата на WhatsApp за ПС не е достапна. Воведувањето започна, а бета-корисниците известуваат дека видео повикот е лесен за употреба. Сите услуги ќе продолжат да се базираат на телефонски броеви, па ќе биде потребно да имате и умен телефон за видео повици преку компјутер, пренесува TomsGuide.

Таа промена може да го запре летот на огромен број корисници од WhatsApp кон конкуренцијата поради промените поврзани со приватноста на корисниците на апликацијата. Иако WhatsApp одлучи да го помести рокот за примена на нови правила за приватност, многумина веќе заминаа./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.