Поздравена како нова хијалуронска киселина, полиглутаминската киселина (или PGA) е природно-добиена состојка (од Nattō, јапонска храна направена од ферментирана соја), тоа може да биде одговорот за ефикасно навлажнување и подмладување на кожата, особено доколку е сува и дехидрирана.

Полиглутаминската киселина е совршена состојка за употреба во текот на зимата. Бидејќи функционира како навлажнувач, таа држи пет пати повеќе влага од хијалуронската киселина.

Како пептид, еден од (многуте) квалитети е способноста да ја инхибира хијалуронидазата – ензим кој ја распаѓа природната хијалуронска киселина на кожата како што старееме – што го прави исто така ефикасен – превентивен производ.

Полиглутаминската киселина има големи молекули, што условува формирање на тенок филм на површината на кожата. Тој слој спречува губење на влагата и го охрабрува природниот процес на навлажнување на кожата.

Производи базирани на полиглутаминска киселина:

1 На Charlottetilbury.com може да се најде најновиот производ на Charlotte Tilbury во кој комбинацијата на PGA и антиоксидансот витамин Ц освен хидратација обезбедува посветол тен и  младешки изглед.

2 Зеленс З-Мелатонин серум

Zelens Repair Serum комбинира PGA и мелатонин за зајакнување на заштитната бариера на кожата и насочување кон сите знаци на оштетување од дневните агресори, како што се загадувањето, оштетувањето на сонцето или стресот. Достапно на Net-a-porter.com.

3 Серум со полиглутаминска киселина

Со 3% PGA комплекс, ова е најисплатливиот PGA производ на пазарот и ветува дека ќе ја полни и хидрира кожата и наутро и навечер. Брзо се апсорбира и е лесен за употреба. Достапно на Lookfantastic.com.

4 Кејт Сомервил DermalQuench

Збогатен со екстракти од лаванда, патентирана технологија DermalQuench и, се разбира, PGA, овој секојдневен серум помага да се подобри цврстината и еластичноста на кожата. Достапно на Cultbeauty.co.uk.

5 Skin Power VC Effector

Моќна формула комбинира PGA со витамин Ц и екстракт од зелен чај за да ја осветли кожата, да ја олесни пигментацијата и да ја подобри синтезата на колаген. Достапно на Beautybay.com./М.М.

You may also like

Comments are closed.