Од VitroLabs, стартапот кој годинава собра 46 милиони долари од инвеститори, меѓу кои и холивудскиот актер Leonardo DiCaprio, истакнуваат дека наскоро воведуваат нова генерација на култивирана животинска кожа.
Стартапот во својата пилот-фабрика, со тимот за истражување и развој работи на сопствени нови процеси на инженеринг на ткива, за да ја развие следната генерација на кожа што брендовите ја бараат.
Ко-основачот и извршен директор Ingvar Helgason вели дека со биотехнолошките иновации се прави вистинска замена за кожата која го менува изворот на кожата, без да ја менува самата кожа.

Во догледна иднина, воведуваме нова генерација на вистинска животинска кожа која е направена без тешките и неодржливи состојби за нашата планета, посочува Helgason Идејата е да се создадаат производи без еколошки и етички грижи што лежат зад традиционалното производство на кожата, концепт што го бараат модните куќи и инвеститорите.
Годинава VitroLabs собра 46 милиони долари инвестицији за да го активира производството и да го забрза комерцијалниот обем на својата култивирана кожа. Меѓу инвеститорите се и Kering, француската модна компанија која поседува повеќе брендови, а меѓу нив е и Gucci, како и модните куќи Ives Saint Laurent и Balenciaga. Активистот за животна средина и оскаровец, Leonardo DiCaprio им се придружи на пионерите на клеточно култивирање како инвеститор и советник.

DiCaprio, како долгогодишен активист за глобални еколошки прашања, вклучувајќи климатски промени, зачувување на дивиот свет, пристап до чиста вода, заштита на биодиверзитетот, зачувување на морето и поддршка на домородните заедници, досега има обезбедено повеќе од 100 милиони долари грантови за различни програми и проекти./М.М.

You may also like

Comments are closed.