За прв пат во историјата на програмата, Pantone создаде нова нијанса за боја на 2022 година, нарекувајќи ја “Very Peri.” Бојата на годината всушност  е микс од црвени и сини подтонови кои се комбинираат за да создадат посебна мешавина. Оваа боја е наменета да сподели „безгрижна самодоверба“ и да ја зајакне креативноста и љубопитноста додека светот влегува во новата година, носејќи надеж за подобра иднина по пандемијата.

“Very Peri” во своите колекции ја вклучија бројни модни дизанери, додека стилистите и најдоа место и во вечерните излегувања.

Saint Laurent, Balenciaga, Louis Vuitton, Marques’Almeida, Isabel Marant и Lanvin во своите пролетни колекции за наредната година на дизајните во кои се појавува Very Peri им подарија должно внимание.

Бојата на годината Pantone 2022 е нова нијанса, Very Peri, која, според Pantone ја прифаќа неизвесноста и претпазливост, оптимизам на нашиот момент. „Тоа е боја која навистина ја поставува иднината напред во ново светло“, рече Пресман на повикот на Зум претходно оваа недела. „Чувствуваме дека ова беше совршена боја за да ги пренесеме тие чувства за иднината“.

Новата нијанса е резултат на речиси едногодишно истражување и прогнозирање на трендовите од Институтот за бои Pantone, кој почнува да ги разгледува трендовите на бои кон крајот на пролетта. „Гледаме многу области, од спорт до мода, за да видиме за што зборуваат луѓето, велат од Pantone.

Нијансата потекнува од природниот свет  – со цветовите на  јоргованот и лавандата кои нудат смирувачко чувство во хаотично време. По две години слична борба, сите ние чувствуваме нешто ново – а модните писти го рефлектираат тоа со брендови кои менуваат трендови како Threeasfour, Iris van Herpen, Xüly Bet и Tomo Koizumi кои ја прифатија  бојата. Very Peri се појавува и во многу прогнози за убавина и модни трендови – официјалната презентација на бојата на Pantone вклучува изгледи од Lanvin, Chet Lo и машкиот Louis Vuitton./М.М.

You may also like

Comments are closed.