На 21 декември, италијанскиот Сенат одобри амандман на закон кој има за цел да ги затвори преостанатите 10 фарми за крзно во земјата во рок од шест месеци и трајно да го забрани производството на облека од крзно низ цела Италија. Иако за оваа одлука сè уште е потребна конечна согласност од Парламентот, се очекува целосна поддршка, по што Италија ќе стане 16-та земја во Европа што ќе ги забрани фармите за крзно.

Многу познати италијански дизајнери веќе се откажаа од употребата на природни крзна, вклучувајќи ги Valentino, Armani, Gucci, Prada и Versace. Само во 2021 година, и Saint Laurent и Oscar de la Renta ( на повик на Billie Eilish) објавија дека и тие ќе престанат да користат крзно во новата година.

Доколку се спроведе измената на законот, ќе се запре одгледувањето крзнени животни, а до 30 јуни 2022 година ќе бидат затворени сите фарми за крзно во Италија./М.М.

You may also like

Comments are closed.