Valentino Le Club Couture, на париската модна недела понуди ново чувство за убавина, надвор од класичните кодови. Во новата колекција Pierpaolo Piccioli тргнува од духот на клубовите од 80-тите, кога во тренд се рафинирани ткаенини, везови и драперии, пердуви и чипка, со доминација на волумени и речиси агресивни нијанси. Piccioli нуди свое видување, со нови димензии за везови и драперии, пердуви и чипка, со изненадувачки ефекти.


Како некогаш, кога клубовите од 80-тите ги споија своите посетители и тие станаа протагонисти на вистинска културна виталност и можеби неповторлива енергија со екстраваганција и дрскост, во Le Club Couture се најдоа сите који посакуват конечно ослободување од судови и ограничувања во модата.
Pierpaolo Piccioli, уметничкиот директор на  Valentino, го продолжува својот пат на моќно креативно редефинирање на модата, овој пат преку Valentino le club couture за претстојните пролет и лето.

Колекцијата е во духот на клубовите во 80-тите, кадешто се наметнува ново чувство за убавината, конечно исфрлено од класичните кодови и тогашните референци за добар вкус.
Valentino le club couture е повик за посета на мрачен, сокриен простор, идеален за ноќно рандеву помеѓу беспрекорниот и недостапен свет на модата и малку лудата провокативна нишка на клабинг културата, од тие години.


Боите и материјалите коегзистираат, мажествени и женствени, со дефинитивно силни особини, има возбудувања и големи широчини на рафинирани ткаенини, решавачки волумени и форми, почнувајќи од првиот изглед, кадешто нијансите се груби, речиси агресивни, со само бело палто над памучна кошула и доминантна црвена машна. Новите димензии за везови, драперии, пердуви и тантела, со изненадувачки ефекти, го засилуваат секој детал и го прилагодуваат кон димензијата на телото и неговата современа свест./М.М.


На сајтот на брендот е поставена видео приказна на модната ревија на Valentino le club couture, како и сите изгледи и детали:
https://www.valentino.com

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.