Josephine Baker – славната пеачка и танчарка, но и поборник за човековите права и приврзаник на Dior е вратена во модниот пантеон на Dior, благодарение на ревијата на Maria Grazia Chiuri, преставена во рамки на париските денови на високата мода (Haute Couture).
Иако родена во Мисури, САД, Josephine Baker најголемиот дел од животот го помина во Франција. Била муза на Christian Dior а и клиент на модната куќа. Блескавиот омаж посветен на Josephine Baker ја враќа на нејзиното вистинско место во историјата на Dior. Претставата е и своевидна противтежа на силно фетишираната слика на костимот на Folies Bergère што го дефинираше имиџот на Baker.


Пред ревијата, одржана во Musée Rodin, Maria Grazia Chiuri посочи дека Baker, која во 2021 година стана првата црна жена вклучена во пантеонот на истакнати личности во француската историја, призната за нејзината соработка со движењето на отпорот за време на Втората светска војна, има свое видно место во историјата на Dior.

Тринаесет џиновски портрети на афроамериканки, од американскиот уметник Mickalene Thomas, беа поставени во просториите на музејот Rodin во Париз, нагласувајќи ја пораката за промени кај застапеноста. Thomas, чии слики и колажи ја реконфигурираа уметноста на Ingres и Manet, со воведување на црните женски тела во сликата, верува дека видливоста на модната индустрија значи дека таа е важен простор во кој треба да се решат вкоренетите хиерархии на убавина./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.