Usain Bolt – легендарниот атлетичар и освојувач на олимписко злато, беше ѕвезда на футуристичката колекција на Puma, преставена на тековната New York Fashion Week. Настапот на модната ревија на Puma е негово второ појавување во улогата на манекен по завршувањето на блескавата спортска кариера.

Зборувајќи зад сцената за своето манекенско искуство, Usain Bolt истакна дека тоа е „прилично добро“, иако призна дека не му е својствено бавното одење. Само ги следев сите манекени, рече тој. Ми рекоа да забавам и да уживам во моментот, па јас тоа и го направив.

 

На модната ревија е прикажана првата колекција на June Ambrose, новата креативна директорка на Puma. Според оценките презентирани на New York Fashion Week, Futrograde колекцијата е оценета како извонредна, а машката и женската облека впечатлива./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.