Костимите за капење True Tone Swimwear се создадени да бидат меки и еластични и да ги пропуштаат посакуваните УВ-А зраци за потемнување на кожата.

Ткаенината на True Tone Swim е научно развиена за да биде пријатна за носење додека ги пропушта УВ-А зраците за сончање, но и да филтрира поголем дел од УВ-Б зраците.
Носењето на бикини од оваа уникатна ткаенина, според брендот, е еднакво на носење заштитен фактор 8 – 15.
Костимите за капење се со 150.000 микро-дупчиња кои овозможуваат безбедно затемнување на кожата. Задржуваат помалку вода од обичните костими за капење, поради брзото сушење на ткаенината.


True Tone Swimwear има за цел жените да се чувствуваат удобно и заштитено во сопствената кожа, со напредна технологија за едноврмена заштита и обезбедување рамномерна потемнетост, без бели подрачја.
Дизајните на костимите за капење се почесто се изработуваат од специјални ткаенини што овозможуваат сончевите зраци непречено да навлезат и да ја потемнат на кожата. На социјалните мрежи постојано се јавуваат нови брендови, специјализирани за производство на токму овој тип на костими за капење./М.М.

Деталите за True Tone Swimwear се на следниов линк: https://www.truetoneswim.com/

You may also like

Comments are closed.