На втори јуни, како дел од прославите на викендот на одбележувањето на 70. години владеење на кралицата Елизабета, ќе биде откриена скулптурата „Tree of Tree“, висока 21 метар, поставена пред Бакингемската палата. Скулптурата е дело на Heatherwick студиото и е дел од истоимената програма со која се одбележува платинестиот јубилеј на Кралицата.

Скулптурата има централна челична конструкција опкружена со наредени челични цевки кои се искривуваат за да го формираат стеблото на дрвото и да формираат гранки. На нив, во алуминиумски садови, се поставени 350 дрвја од различни видови, пронајдени низ Британија. Дрвјата се одржуваат со помош на интегриран систем за наводнување во текот на двонеделната инсталација.
По прославите, структурата ќе биде демонтирана и дрвјата ќе бидат вратени во складиште пред да бидат донирани на заедниците низ целата земја за садење, во текот на октомври.
Скулптурата е дизајнирана да го привлече вниманието и на уште една програма: за садење дрвја наречена, Зелена крошна на кралицата ( Тhe Queen’s Green Canopy), која има за цел да поттикне садење дрвја. Од минатиот октомври со оваа програма се засадени над милион дрвја ширум ОК.
Heatherwick е студио за архитектура и дизајн со седиште во Лондон, кое претходно има интегрираше дрвја и растенија во неколку објекти, вклучувајќи го неодамна завршениот проект 1.000 дрвја во Шангај и оплеменување на балкови со разновидни растенија на облакодер во Сингапур./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.