Судскиот процес на поранешните сопружници Johnny Depp и Amber Heаrd, сооглед на вниманието на јавноста е веќе прогласен за процес на деценијата. Освен што се следи кој кому што рекол или направил, медиумите известуваат и за облеката на актерските на рочиштата.

Кога Johnny Depp се појави во темно сив костум, сина кошула и сиво сина свилена вратоврска, српските медиуми направија посебна сторија за нејзиното потекло и значењето.
Имено, холивудската суперѕвезда ја има добиено вратоврската на подарок, за време на неговиот престој во Белград минатиот октомври.
Со благослов на епископот ремезиски, господин Стефан, вратоврската му е подарена на Johnny
Depp за неговата поврзаност и братската љубов што ја покажува кон српскиот народ.


Вратоврска инаку е дел од заштитената Мозаик колекција на „Храм Светог Саве„ и е првото парче од дизајнерската колекција. Станува збор за детал од мозаикот на апостолските одежди што се наоѓаат на куполата на „Храмот Свети Сава“./М.М.
https://hramsvetogsave.rs/proizvod/mozaik-kravata-2/

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.