Tina Turner беше повеќе од „кралица на рокенролот“. Слично како и нејзината музика, гардеробата на легендарната пејачка ги инспирираше масите, зацврстувајќи ја како стилска икона.

Како што се развиваше кариерата на Tina Turner, така се развиваше и нејзиниот стил.

За модното наследство на Tina Turner деновиве многу се пишува и се споделуваат моменти од нејзините настапи на који донесува моќна вокална изведба и особен, оригинален моден стил. Меѓу објавите на дивата која во средата замина во легендата се и оние на In Style, порталот PageЅix и на агенцијата CNN.

In Style: Поглед во минатото – легендарните изгледи на Tina Turner

Музичкиот свет изгуби легенда во Tina Turner но, покрај нејзиниот брилијантен придонес во рокенролот, таа имаше и неизмерно влијание врз модата. Позната по своите енергични, стакато танцови движења, Тарнер често ги покажуваше своите нозе во ултра-мини здолништа украсени со реси и светки, што ја заслепуваа нејзината публика. Но, според Turner, ги носела за движење, а не за естетика.

Во нејзината книга „Тоа е мојот живот“ таа вели дека е последниот човек што треба да се праша за нејзините нозе.„Кога растев, секогаш мислев дека се премногу долги и слаби. Се чувствував како незгодно пони, па никогаш не сакав да ги покажам. Кога носев кратки здолништа на сцената, тоа беше од практична причина – ми дадоа слобода да се движам, а јас навистина сакам да се движам“.

PageЅix: Tina Turner, револуционерна музичка дива

Tina Turner , една од најгламурозните и најреволуционерните диви на музиката,  секогаш блескала и треперела на сцената и покрај сето што и се случувало во приватниот живот. Партнерството со легендарниот костимограф Боб Меки и помогна во соло кариера, при што секси изгледот на сцената со разголени нозе го означува нејзиното ново клучно време и ја катапултира во стратосферски успех.

CNN Легендарниот стил на Tina Turner

Tina Turner остави зад себе неверојатно наследство во рок и соул музиката. Но, таа беше позната и по нејзината смелсмисол во модата: мини фустаните со светки или реси, кои ги покажуваа нејзините славно долги нозе и бушавата коса, останаа нејзин заштитен знак.

Еден од најреплицираните изгледи на Turner беше оној во средината на 1980-тите: тексас јакна, кожено мини и црни шипки што ги носеше додека шеташе низ Њујорк во музичкото видео за „What’s Love Got to Do with It“. Во колективната меморија останаа и други моќни стилски моменти, од светкавиот црвен фустан што го носеше на Греми во 1985 година, до црниот кожен комбинезон во кој настапи на Super Bowl во 2000 година./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.