Thierry Mugler

Во Musée des Arts Décoratifs во Париз се отвора ретроспективна изложба на францускиот дизајнер Thierry Mugler. По дебито во Монтреал, пред две години, јавноста ќе има можност да ги види дизајните на Mugler Сouture, создадени во периодот од средината на седумдесетите до 2014 година.

Имено, Mugler пред две децении реши да им се посвети на парфемите – го смени и физичкиот изглед и полето на својот креативен интерес. Дури 95 проценти од изложените 150 дизајни никогаш не се преставени пред јавноста, иако од оваа историска дистанца е повеќе од јасно дека безмалу сите се создадени пред своето време – за иднината.

Според мислењето на дизајнерите тој бил и останал дизајнер пред своето време на многу начини, од феноменот на славна личност, како модел, до неговиот однос со музичкиот свет и културното влијание на модата во современото општество./М.М.

Thierry Mugler

Thierry Mugler

Thierry Mugler

Thierry Mugler

Thierry Mugler

You may also like

Comments are closed.