Следејќи ги строгите ограничувања поради падемијата, во рамките на Модната недела во Шангај (Shanghai Fashion Week – SHFW ) сепак се одржани 84 модни ревии со публика, како и 12 саемски ревии.
Деветдневното модно дефиле во Шангај заврши викендов со бројни модни изненадувања и аплаузи. SHFW го продолжи партнерството со Douyin, за да го подигне својот дигитален капацитет, повикувајќи ги брендовите и дизајнерите да објавуваат блогови и фотографии, за да ја ангажираат онлајн публиката.

Етаблираните брендови, како Comme Moi, 8on8, Xu Zhi и Shushu/tong го обезбедија вниманието на локалните следбеници на модата, а новите имиња како M Essential Noir, Ao Yes, MTG и Yehua Fan порачаа дека имаат што да покажат.
Во меѓувреме, Labelhood, платформа со седиште во Шангај која ги поддржува кинеските нови модни таленти, го започна својот пионерски фестивал за мода и уметност со тема “Oriental Youth„.
Стратешката соработка помеѓу SHFW и Douyin придонесе за огромни онлајн впечатоци и ангажмани, поттикнати од официјалните видеа и содржината генерирана од корисниците. На платформата за кратки видеа, хаштагот #ShanghaiFashionWeek собра 1,27 милијарди прегледи заклучно со 30 септември.

Со посветеност да ги поврзе новите модни дизајнери и локалната публика, Labelhood иницираше бонус програма за да им понуди на своите следбеници на социјалните мрежи можности да заработат бесплатни билети за ревиите. Оваа шема не само што поттикна оргомен сообраќај за активациите на модната недела, туку и го прекина традиционалниот модел на модната недела ексклузивен за медиумите, познатите личности и ВИП клиентите на брендовите.
Поради неизвесноста околу СОВИД-19 во Кина, потрошувачите како повеќе да копнеат за врски и новости, без разлика дали се физички или виртуелни. Остварувареното во оваа сезона на SHFW ја покажа решителноста на дизајнерите и изложбените салони да го забрзаат закрепнувањето на локалната модна индустрија, која заостанува поради заклучувањата на почетокот на годинава.
Многу локални продавници со повеќе брендови сè уште имаат вишок од минатата сезона поради заклучувањето.
Сепак, зголемената побарувачка за локални дизајни докажува дека постојат неискористени можности за домашните етикети. Оваа година, и порај познатите околности брендовите Shushu/tong и Calvin Luo отворија сопствени продавници, означувајќи пресвртница за независните дизајнери./М.М.

You may also like

Comments are closed.